Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, професор д-р Цветко Андреески, е избран за член на претседателството на реномираната Меѓународна федерација за автоматско управување (International Federation of Automatic control) – IFAC, во секцијата за финансиски инженеринг.

IFAC е основана во 1956 година со седиште во Лаксенбург, Австрија. Таа има за цел да ги промовира научните достигнувања и трудови од областа на инженерството, физиката, биологијата и економијата, а го истражува и влијанието на технологијата во општеството.

Професорот Андреески, кој инаку е прв доктор на науки во Македонија од областа на финансискиот инженеринг,  е член на IFAC од 2000 година. Тука ги има објавено најголемиот дел од неговите научни трудови, а од 2008 година е член на Техничкиот комитет за економија, бизнис и финансиски системи, кој со инженерски методи ги анализира економските и финансиските движења во светот.

OhridNews