Поради зголемената опасност од појава на шумски пожари, а согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија и во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се продолжува забраната за движење во шумите на територијата со која управува Јавната установа Национален парк Галичица.

Во овој период, движењето низ шумските подрачја ќе биде дозволено исклучиво согласно пропишаните правила и процедури на ЈУ Национален парк Галичица. Овие мерки се воведуваат со цел да се заштити природното богатство на паркот, да се намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари и да се обезбеди безбедност за сите посетители.
Посетителите треба да ја пријават својата посета со регистрација преку електронска форма по што ќе добијта автоматска е-мејл потврда, која треба да ја зачуваат и да ја прикажат на овластено лице доколку биде побарана.
Вашата регистрација значи одговорност и придонес за зачувување на шумите и биодиверзитетот на Галичица, потенцираат.
Пријавувањето е на линкот.
OhridNews










