Вечерва, во Центарот за култура „Григор Прличев“  ќе се одигра „второто полувреме“ од хуманитарниот концерт „Филмовизија“, кој е во организација на професорот по латински од охридската гимназија, Стефан Каневче.

На концертот ќе учествуваат 80 гимназијалци, чија цел е да соберат средства за матурска екскурзија за децата кои не можат тоа да си го дозволат.

Концертот ќе започне во 20 часот, а карти ќе има на влез.

OhridNews