Од Управата за јавни приходи информираат дека од 1 октомври 2014 година, Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.
– Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обвски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите, велат од УЈП.
Оттаму информираат дека продолженото работно време за даночните одделенија на Управата за јавни приходи во Охрид, Прилеп, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија ќе почне да се применува од 1 јануари 2015 година.
OhridNews