Продолжува програмата од „Охридската новогодишна приказна“
26.12.24 09:22
Продолжува програмата од „Охридската новогодишна приказна“ во рамки на која денес предвидени се неколку настани за најмладите.
Со почеток во 12:30 часот на градскиот плоштад ќе биде изведена претставата „Дедо Мраз е на пат“. Низ креативна игра, интересни згоди и незгоди, актерите Владо Дојчиноски, Пируника Киселички, Дубравка Киселички и Давид Илиќ ќе им пренесат на дечињата поучна новогодишна порака.
Со почеток во 18:00 часот за добрата забава на градскиот плоштад ќе се погрижи бендот HUMANE, кој е формиран на иницијатива на Клубот на млади при Црвен крст Охрид. Овој бенд е резултат на трудот и посветеноста на талентираните волонтери: Иво Георгиески, Теона Талевска, Мартин Мацкоски и Исидора Митреска.
Во 19:00 часот во Хотелот „Инекс Олгица“ ќе се одржи Новогодишен концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“- Вечер на Валцер и танго.
Со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“ ќе се одржи Танцовиот фестивал „Охрид танцуваТ“.
Осумдневната програма која започна на 24 и ќе трае до 31 декември организирана од страна на Општина Охрид опфаќа 20 забавни настани меѓу кои детски претстави, новогодишни базари, музички настани. Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови.
Кошаркарите на Охрид денеска од 18 часот во „Билјанини извори“ ќе ја бараат петтата победа сезонава Поради инцидентот на мечот со Гостивар, средбата ќе се игра пред празни трибини ГКК Охрид денеска...
Денеска ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од снег Кон крајот на денот врнежите ќе престанат Ќе дува умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достиг...
Ракометното дерби Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид во кое домаќините по голема борба славеа 27:24, мина во одлична атмосфера Во исполнетата сала „Боро Чурлевски“ ритамот го диктираа битолските Чкембар...