Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грежи. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 25 степени Целзиусови, информира УХМР.

До четврток ќе се задржи нестабилно време, околу пладне и попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Во четврток ќе дува засилен северен ветер и од втората половина на денот ќе настапи постепена стабилизација на временската состојба, по што следува период на стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот, соопшти УХМР Македонија.

OhridNews