Комисијата за уставни прашања при Собранието на Република Македонија, денеска, ќе ја продолжи распраата за уставните измени кои треба да произлезат од Договорот со Грција.

На почетокот од расправата пратениците од власта и опозијата беа со дијаметрално спротиставени ставови. За првите отпочнатиот процес е историска шанса, а за вторите тој е неуставен и против интересите на земјата.

Премиерот Заев во текот на расправата повика на заедништво, единство и консензус во процесот.

– Верувам блиску сме, единство, заедништво, консензус, но немојте назад. Видовме што се случи. Ни заминаа млади, светот напредува, а ние одиме назад. Што ако ја пропуштиме оваа шанса? Да, решението е заедно, верувам дека исти ни се целите за Македонија во ЕУ и НАТО, рече Заев.

OhridNews
фото: влада.мк