Продолжува рушењето на куќата на самиот кеј на Охридското езеро, во која изминатите години функционираше седиштето на општинската СДСМ.

Објектот кој со денационализација им беше вратена на сопственици кои живеат во Белград, беше продаден на ГП „Ремис“ .

Според информациите од локалната самоуправа, согласно постоечкиот детален урбанистички план, на оваа локација предвидена е изградба на објект П+2 и поткровје.

OhridNews