После вчерашните снежни врнежи и неповолни временски услови проследени со ниски температури, дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ и денеска мобилни за побрзо санирање на состојбата.
Остатоците од снежна покривка се отстрануваат и се нанесуваат абразивни средства. Повторно се интервенира на критични места, каде поради специфичноста на теренот повторно се формира покривка и отежнато е движењето на возила и пешаци, информираат од претпријатието.

OhridNews














