Очигледно некој работи смислено, дотолку повеќе што надлежните институции редовно ги премолчуваат масовните труења на животни во Охрид, кои, за жал, се редовна појава. Ова е реакцијата на љубителите на животни, кои по синоќешните случаи на труење кај пазарот, во населбата Охридати и во близина на каналот Студенчишта, денеска информираат за нов случај во населбата Лескајца, во близина на детската градинка, каде настрадало најмалку едно куче.

Здруженијата за заштита на животните предупредуваат на внимателност, затоа што отровот кој е расфрлан низ градот е исклучително силен и опасен не само за бездомните кучиња и други животни, туку и за луѓето, а особено за децата.

OhridNews

Фото: Архива