Продолжуваат чествувањата за ликот и делото на Прличев. Во 10 часот ќе биде положено цвеќе пред споменикот на Прличев во училишниот двор на општинското основно училиште што го носи неговото име, а од 10:30 часот предвидени се панихида и полагање цвеќе на гробот на поетот во близина на црквата „Св. Богородица – Перивлепта“.

Во 13 часот во охридската библиотека ќе се одржи „Охридска визита“ во рамки на која беседа за поетот и преродбеник Прличев ќе одржи Елизабета Шелева, по што ќе следи прогласување на добитникот на наградата за најдобра беседа во чест на Прличев за 2024.
Годинешната програма во чест на Прличев ќе биде заокружена со свечена приредба по повод Патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“ во НУЦК „Григор Прличев“ од 19 часот.
OhridNews
фото. Архива










