Министерот за образование и наука, Перо Стојановски, денеска во Струга ги продолжи разговорите со надлежните институции за надминување на состојбите во средношколскиот центар.

-Со самото присуство на министрите во Струга покажуваме колку сме заинтересирани за вистинско решение на проблемот. Тоа покажува дека проблемот од образовната се пресели во политичката сфера. Ако е проблем до мене подготвен сум веднаш да си поднесам оставка, во интерес на стабилизирање на ситуацијата, рече на кусиот брифинг со новинарите, министерот Стојановски.

Тој во разговор со новинарите информираше дека целта на денешното негово доаѓање во Струга има за цел од понеделник да започне наставата во струшките средни училишта и ситуацијата да се нормализира. Стојановски немаше одговор на прашањето дали ќе има јазични смени во училиштата, но рече дека би бил среќен доколку се изнајде решение.

Ohridnews