Денеска со низа настани продолжуваат свеченостите по повод големиот празник „Св. Климент Охридски“- Патрон на градот.

Честувањата започнуваат во 18:30 часот со настап на актерите од охридскиот Народен театар во градската библиотека, по што во просториите на НУ „Охридско лето“  во 19 часот ќе се оддржи 15- та – Традиционална изложба на Фото клуб „ Охрид“.

Во 19:30 во Центарот за култура ќе се отвори традиционалната изложба на роднокрајни ликовни уметници, додека во 20 часот, од градскиот плоштад предвидено е групното поаѓање кон Свети Климентовата црква на Плаошник.

OhridNews