Со низа културни збиднувања денеска во Охрид продолжува манифестацијата „Прличеви беседи“.

Во 11 часот ќе биде отворена изложба на  ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура, по што ќе биде промовирана и книгата „Жезлото на Свети Климент“ од  Никола Бошале. Ќе биде претставена и поемата „Адам од Говрлево“ од Милован Стефановски, добитник на наградата „Григор Прличев“ за 2010 година.

Традиционалната Прличева визита ќе се одржи во 18 часот, а во нејзини рамки ќе се одржи трибина на тема „Охридските писатели во македонската литература за деца“.

OhridNews