Тринаесетти ден во организација на движењето „За Заедничка Македонија“, се одржува протестен марш во Охрид.

И денеска протестот започна од плоштадот кај поранешен мини маркет, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот “Македонски Просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на градскиот плоштад каде вообичаено има обраќања на активисти на движењето „За Заедничка Македонија“.

Поддржувачите на движењето „За Заедничка Македонија“ се противат на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава, уставни и други законски измени кои го загрозуваат унитарниот карактер на државата и претставуваат вовед во федерализација на земјата.

Освен во Охрид протести денеска има и во повеќе други градови.

OhridNews