Со марш и патриотски песни, вечерва, продолжија протестите на движењето „За заедничка Македонија“ во Охрид.

И на шеснаесеттиот ден од почетокот, протестот во Охрид започна од плоштадот кај поранешен мини маркет, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот “Македонски Просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на градскиот плоштад.

Поддржувачите на движењето „За Заедничка Македонија“ велат дека протестираат против платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава, уставни и други законски измени кои го загрозуваат унитарниот карактер на државата и претставуваат вовед во федерализација на земјата. 

OhridNews