Со двата натпревари од 1/8 финалето помеѓу Селтик – Јувентус и Валенсија – ПСЖ се враќаат возбудувањата во Лигата на Шампиони по пауза од два месеци.

Европската куќа на фудбалот од минатата сезона одлучи осминафиналните натпревари да се играат во повеќе денови откако заинтересираноста за Лигата на Шампиони е голема.

Италијанскиот првак Јувентус секогаш во вакви натпревари знае да го извлече максимумот, а против нив ќе го имаат Селтик и публиката која душа дава за добар резултат на “келтите“.

Прва пречка за мултимилионскиот проект наречен ПСЖ предводен од Златан Ибрахимовиќ, Тијаго Силва и новата аквизиција Дејвид Бекам е шпанската Валенсија.

“Лилјаците“ во досегашните изданија од Лигата на Шампиони покажа дека знае да се носи со секој противник, а на “светците“ им престои тешка задача да ги скротат “лилјаците“ на Местаља.

Двојки : 20:45 Селтик – Јувентус, Валенсија – ПСЖ

Мх.П.