Поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „Обљуба со злоупотреба на положбата„, Полициската станица од Кичево, поднесе кривична пријава против Ж.Л.(42) од Кичево, Професор во Општинското Средно училиште „Мирко Милески“.- соопшти СВР Охрид.

Како што информираат од полицијата, пријавениот професор по Физика, на ден 18 април оваа година, во својот кабинет, по лицето и косата започнал да допира 17 годишна ученичка во истото школо по што ја бакнал во образ. Пријавениот, тоа го направил по извесно време откако 17 годишната ученичка почнала усмено да одговара по предметот Физика.  Пријавениот, делото го направил веднаш одкако ученичката влегла во неговиот кабинет каде требала дополнително усмено да одговара од наставниот предмет. Професорот Ж.Л. пришол зад ученичката додека таа одговарала и ја бакнал во образ и продолжил да ја милува по нејзината коса.
    
Кривичното дело „Обљуба со злоупотреба на положбата„ е пријавено во Полициската станица во Кичево од страна на ученичката во присуство на нејзиниот родител. Со неа, за околностите на настанот, направен е дополнителен разговор во присуство на родителот како и претставник од центарот за социјални работи. Веднаш потоа, повикан е пријавениот професор со кого, во присуство на Адвокат, извршен е разговор за пријавениот настан.
    
Во кабинетот по Физика, Полициските службеници од Полицската станица Кичево извршија увид на лице место. 

OhridNews