Изминатиот викенд Ј.П.„Охридски Комуналец“ спроведе активности за подигнување на степенот на јавна хигиена и зеленило во урбаните заедници и приградските населби.
Во овој период од годината се реализираат пролетни активности на генерално чистење и одржување односно косење трева, отстранување на суви гранки и дрвја, метење на тротоарите и јавните површини од наноси од песок, подигнување на расфрлан ситен комунален отпад и отстранување на ниско-жбунеста вегетација. Со овие активности ќе биде опфатено секое урбано катче и заедница, како и приградските населби, согласно утврдената динамика во оперативната програма. – информираат од „Комуналец“.

Со цел да обезбедиме безбедни услови во кои се намалува ризикот од ширење на заразата во повеќе наврати ги третираме сообраќајниците, тротоарите, пристапите кон објекти каде има поголема фреквентност на движење и инфраструктурни објекти. Заради специфичноста на теренот и тесни улици и пристапни патеки со помалата цистерна се изврши миење и дезинфекција во „Стар Град“. – велат од јавното претпријатие.

OhridNews











