Локалната започна со промена на водоводната и канализационата мрежа во ООУ „Братство Единство“ -Лескајца, со цел надминување на долгогодишниот проблем на губиток на вода кој го имаше оваа образовна институција, информираше градоначалникот Кирил Пецаков.
Средствата во вкупен износ од околу 600 000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, стои во соопштението од Пецаков.
Во ова училиште предвидени се активности за промена на електричната инсталација, реконструкција на тоалетите, дренажа околу објектот на училиштето и изведба на енергетски ефикасна фасада. Овие активности, како што информираше Пецаков, предвидено е да се реализираат во текот на идната 2022 година.
OhridNews












