За продолжениот празничен викенд ќе имаме променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, што ќе придонесе за значително опаѓање на температурите.

Па така, максималната температура во Охридскиот регион денеска ќе достигне 13 степени.

Во сабота не очекува променливо облачно време и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).

Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 3 степени, а максималната дневна ќе се достигне 16 степени.

Благо покачување на температурите се очекува од недела.

Г.М.