Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне главно на југоистокот се уште ќе има локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Охрид времето ќе биде променливо облачно. Температурата ќе се движи од 0 до 5 степени целзиусови.
Најниска температура утринава е измерена на Попова Шапка -7 степени каде има и највисока снежна покривка од 75 степени. Во Маврови Анови се регистрирани -4 степени,  -3 во Крушево, -1 во Прилеп, Берово, Дебар и Виница, 0 во Тетово, Струмица, Битола, Охрид и Претор, 1 во Штип, Куманово и Крива Паланка,  а два во Скопје, Дојран, Демир Капија, 4 Гевгелија.

 

OhridNews