Претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Oхрид слично време со минимална температура до 4, додека максималната ќе достигне 12 степени.

Под влијание на нов влажен бран во четврток повторно ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови, а на планините на запад ќе врне снег. Поради продор на многу студена воздушна маса од север, во четврток попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.

OhridNews