Денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови значително облачно со локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Во среда и четврток во поголем дел од земјава ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот кога ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи, информира УХМР Македонија.

OhridNews