Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура до 8 степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи повторно се очекуваат од вторник.

OhridNews