Променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од северен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 10 степени.

За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет. Нови пообилни врнежи повторно се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда. Во недела и во среда ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

OhridNews