Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура до 19 степени.

Следува период на променливо облачно и релативно топло време. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на грмежи.

OhridNews