Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), грмежи, силен ветер и појава на град.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота и во понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.

OhridNews