Променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 22 степени.

За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре и во сабота ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.

OhridNews