Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта на места ќе има појава на пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен.

Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во текот на целата седмица ќе се задржи топло време, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

OhridNews