Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.

Во Охрид времето променливо облачно со услови за дожд. Максималната температура до 22 степени.

За време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во вторник и во среда времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. Во четврток повторно за очекуваат врнежи.

OhridNews