Променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Од утре следува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

OhridNews