Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и кон крајот на денот во југозападните и западните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 28 степени.

И утре ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 28 степени, информира УХМР.

OhridNews