Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, заедно со амбасадорката на УНДП во земјава, Нарине Шахакјан, министерот за земјоделство Трајан Димкоски, денеска ќе престојуваат во работна посета на општина Дебрца.

Целта на посетата е промоција на проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”, финансиран од ЕУ, а имплементатор УНДП. Партнери во проектот се општина Дебрца и државното јавно претпријатие Водостопанство

Вкупната вредност на проектот е повеќе од еден милион евра.

Во февруари 2013 година како последица на обилните врнежи попушти стариот земјен насип на Слатинско Езеро, кој е изграден во средината на минатиот век. Рибниот фонд од езерото беше изловен и пренесен во други водни акумулации и реки. Водата од акумулацијата беше испуштена за да се спречи уривање на браната и загрозување на околните населени места.

OhridNews