Утре ќе се одржи промоција на романот „Принцезата што немаше ништо и кралицата што даде сѐ” од охриѓанката Јасмина Петковска. Авторката вели делото е создавано со многу посветеност и емоција.

Таа веруваше во љубовта, во добрината и во луѓето. Животот ја научи на болка, но не ја одзема нејзината душа. Од принцеза што немаше ништо стана жена што даде сѐ, се вели во описот на романот.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во периодот од 15:30 до 17:30 часот во книжарницата на Култура на улица „Даме Груев“ бр. 3 во Скопје.

OhridNews