Во организација на Издавачката куќа Светулка, на 24 јули 2026 година (петок), со почеток во 19:30 часот, во The Harbour Club во Охрид ќе се одржи промоцијата на романот „Само уште еден скок“ од Енис Хилми.
За книгата ќе зборуваат Ана Јовковска и Весна Мојсова-Чепишевска, кои ќе се осврнат на книжевните, етичките и општествените теми што ги отвора романот.

Романот испраќа силна порака за емпатијата и сочувството – не само кон животните, туку и кон луѓето и кон сè што нè опкружува. Истовремено, преку топла и емотивна нарација, потсетува дека најголемите животни вистини честопати се кријат во навидум обичните мигови.
Промоцијата е отворена за јавноста, а организаторите ги покануваат сите љубители на книжевноста да бидат дел од ова книжевно случување во Охрид.
OhridNews













