На 2-ри и 3-ти Јуни во заедничка соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РM и ТАВ беше организирана промотивна тура Охрид 2018, на која учество зедоа 7 новинарски екипи од Нордика – Естонија.
Учесниците на промо- турата ги посетија сите знаменитости на градот и околината, се запознаа со туристичкиот потенцијал на охридскиот регион,како. Целта е Охрид и неговиот туристички потенцијал да бидат промовирани во нивните медиуми.
Промо – турата ја организира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид. Се очекува учесниците на промотивната тура по престојот во Охрид да објават репортажи преку кои на нивните гледачи и читатели да им ги презентираат убавините на нашиот град и поширокиот регион.
Во програмата на промотивната туристичка тура, се презентира и руралниот и другите видови алтернативни форми на туризам.
OhridNews












