Со промоција на новиот сингл „ Heavenly“ во петок, 5- ти април, познатиот џез-фанк изведувач, охриѓанецот Владимир Четкар ќе го најави издавањето на својот нов албум.

Синглот ќе биде пуштен исклучиво во дигитална продажба ( iTunes, Amazon, Spotify, Soundclud, CD Baby…) се до промоцијата на новиот албум ова лето, кога ќе се најде на носач на звук.


Во „ Heavenly“ Четкар се наоѓа во улога на комплетен автор и изведувач или поконкретно како композитор, продуцент, аранжер-оркестратор-диригент, текстописец, вокалист и гитарист.

Песната „ Heavenly“ како и останатите музички материјали што ќе се најдат на новиот албум се снимани со комплетна жива интструментација (гудачка, дувачка и ритам секција) без употреба на ниту еден семпл во студиото Дабвеј во Менхетен, Њујорк. 

Заедно со синглот ќе биде промовирано и видео каде публиката делумно ќе може да го види процесот на снимањето на „Heavenly“  кој денеска за жал претставува вистинска реткост и музички занает во исчезнување.

OhridNews