Општина Охрид, преку свои претставници од Секторот за урбанизам, е учесник на Тренинг програмата Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап, заедно со претставници од други седум градови од Србија, Украина и Турција.

Охридскиот тим, како урбанистички предизвик во рамки на програмата, ќе го работи проектот „Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица „Македонија“ во пешачка зона. Проектот ќе се работи на ниво на физибилити студија. Тренинг програмата ќе се реализира во рок од 18 месеци, во кој период се
планирани пет работилници и четири средни фази.

По тој повод денеска во 12 часот во големата сала на општината ќе се одржи партиципативен настан со учество на сите засегнати чинители за испитување на јавното мислење околу проектот. Резултатите од настанот ќе бидат анализирани и искористени во понатамошните фази на работа на проектот.

Програмата е во организација на ICLD (Интернационалниот центар за Локална демократија) и SKL International (дел од шведската асоцијација на локални управи и региони), од Шведска.

OhridNews