Во организација на Здружението на граѓани политички прогонувани, затворани и осудувани за идеите за самобитност на македонскиот народ и неговата државност и НУ Центар за култура “Григор Прличев”, во петок, со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на „Зборник на политички затвореници 1945- 1990 година“ и изложба за „Прогонувани, затворани и осудувани за самостојна Македонија“.

На промоцијата и изложбата ќе говорат: директорката на Центарот за култура, Драгана Боцеска и претседателот на политички затвореници Никола Андонов.

OhridNews