Во просториите на општинскиот Црвен крст денес беше промовирана книгата дневник „Мојот живот после изгубен живот“ на Драгица Матилоска, мајка на младиот Димитар Матилоски, кој трагично го загуби животот на дочекот на 2016 година. Матилоска во книгата зборува за деновите по загубата на Димитар, стравовите, самотијата, болката кон загубениот син.
Книгата е со симболична цена од 200 денари, а може да се купи во просториите на Црвен крст – Охрид. Средствата собрани од продажбата на книгата ќе одат во хуманитарни цели, за ученик на Матилоска, кој боледува од мускулна дистрофија.
OhridNews












