Поднесена кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews