Возрасен маж вчера попладне бил пронајден мртов во водите на Охридското Езеро, во непосредна близина на споменикот на А. Ден Долард на градскиот кеј. Неофицијално се работи за жител на Скопје.

На местото на настанот увид извршиле екипа на СВР Охрид, истражен судија и јавен обвинител, а истрагата треба да покаже дали се работи за давење или за насилна смрт.

Ohridnews