
– Се работи за машко лице на возраст од седумдесет до осумдесет години, висок околу 170 сантиметри, средно развиен, со бела ретка кратка коса и кратка брада. На себе имал сиво палто и пантолони, карирана сина кошула, сив џемпер и сива капа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Сега починатиот, вчера во 19 часот и 35 минути со возило на брза помош, од градскиот пазар, било донесено на интерното одделение во Општата болница, каде и покрај преземените обиди за реанимација, починало.
До овој момент, во СВР Охрид не е пријавено исчезнато лице поради што се молат граѓаните секоја корисна информација да ја достават до СВР Охрид или на телефонот 192.
OhridNews











