Мексиканскиот вулкан Попокатепетл повторно проработи и почна да исфрла пепел во висина од 3.000 метри.

Властите ја следат ситуацијата, бидејќи во радиус од 60 километри од вулканот живеат околу 25 милиони луѓе.

Граѓаните беа предупредени да не се приближуваат на повеќе од 12 километри од вулканот поради можни ерупции, а властите изработија посебен план за евакуација во итни случаи.