Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2017 година, во однос на август 2016 година, изнесува 102.8. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (32.7%), Уметност, забава и рекреација (10.9%) и Стручни, научни и технички дејности (9.4%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2017, изнесува 22 912 денари. Во август 2017 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

OhridNews