Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 105.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација, Рударство и вадење на камен, и Земјоделство, шумарство.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2018, изнесува 24. 025 денари.

OhridNews