Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, изнесува 103.6. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Информации и комуникации.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23.158 денари.

OhridNews