Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година, изнесува 24 517 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 102.0. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (9.6 %), Рударство и вадење на камен (8.3 %) и Образование (5.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (21.4 %), Информации и комуникации (19.8 %) и Tрговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (14.3 %).

OhridNews