Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, изнесува 100.1. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (16.5%), Градежништво (8.7%) и Административни и помошни услужни дејности (4.0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2014, изнесува 20 941 денари.

Во февруари 2014 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews